Албанскиот претседател Илир Мета упати апел дека е „крајно неопходно масовно да се зголеми бројот на тестирања“, како ефикасно средство за навремено следење и третман на граѓаните погодени од Ковид-19.

Тој, исто така, додава дека е неопходно , без одлагање, да се донесе јасен и транспарентен план за координација со приватниот здравствен систем, со цел да се обединат енергиите и сите капацитети.

Мета на Фејсбук ја повикува владата да вложи максимални напори за целосно враќање на трошоците за лекување, пред се на пациентите кои се лекуваат дома, на ранливите категории и на пензионерите.

„Во отсуство на конкретен план и стратегија за справување со масовното ширење на пандемијата со Ковид-19, рефлектирано во дневниот раст на бројот на заразени граѓани, за жал и во загубата на животи, здравствениот систем ризикува да потоне во длабок колапс, со исклучително сериозни последици по здравјето на граѓаните. Во овие услови, многу е потребно масовно да се зголеми бројот на тестови, како ефикасна алатка за следење и навремено лекување на граѓаните погодени од Ковид-19“, напиша Мета на Фејсбук.

Тој, исто така, порача дека од суштинско значење е матичниот лекар да биде целосно ефикасен, да се зголеми бројот на медицински и помошен персонал, како и да се испланира соодветен буџет за да им се помогне.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2020 10:12