Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 402 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 49, 47 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 5 санкции, 33 санкционирани пешаци, 70 мерки за непрописно паркирани возила и 29 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2020 12:09