Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на Општина Центар изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 28, 25 за неисправни и нерегистрирани возила и 8 санкции за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.