Во село Горно Количани полицијата го пронашла патничкото моторно возило „опел инсигнија“, сопственост на рент а кар фирма од Приштина, за кое било добиено известување од Интерпол дека на 30.10.2020 во Лебане, Косово е извршено кривично дело одземање на патничкото моторно возило.

– Преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници на СВР Скопје, Одделот за криминалистичка полиција, ЕБР и ОСОСК. При претрес во село Горно Количани, возилото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот, соопштија денеска од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2020 21:12