Во велешката Општа болница се хоспитализирани 63 пациенти, од кои 9 сомнителни и 54 потврдени позитивни на ковид.

Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова од потврдени позитивни, 51 пацинет се сместени на Инфективното одделение, 11 на Одделението за физикална медицина и еден пациент на Интерно одделение. Таа информира дека 20 пациенти, како и вчера и денес се на кислородна поддршка.

Денеска од велешката Општа болница се испишани тројца пациенти со два последователни негативни теста.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2020 00:38