Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На териториите на Арачиново и Ченто изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 34, 25 за неисправни и нерегистрирани возила и 7 санкции за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.