Со нож била нападната продавачка синоќа во Кавадарци. Доктор Ратко Грков од Итната медицинска помош – Кавадарци за МИА истакна дека синоќа девојка побарала медицинска помош и кажала дека била нападната во продавницата во која работела. Притоа и била нанесена повреда, посекотина од два сантиметра со нож на ушната школка.

Според МВР, синоќа во 20 часот лице со закана со остар предмет, од вработена во продавница во Кавадарци, одзело пари од дневниот промет.

– Извршен е увид на лице место, се работи на расчистување на случајот, истакнаа од МВР за МИА.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2020 13:33