Во 15:45 часот денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага на ул.„Востаничка“ во Скопје го привеле И.Ј. (37), кој се барал по потерница од КПУ- Затвор Идризово.
Приведеното лице, како што информираат од МВР, се барало по потерница од КПУ- Затвор Идризово, во врска со чл.187 ст.1 КЗ на РСМ за издржување на казна затвор од 10 години, бегство од затвор за доизлежување затворска казна од шест години и пет месеци.
Воедно, од МВР, соопштија дека лицето И. Ј. ќе биде предаден на КПУ-Затвор Идризово.