Двајца жители на планинските села Гургурница и Седларево се приведени поради нелегална сеча на дрвја откако полицајци ги затекнале вчера во атарот на селото Блаце.
При тоа се најдени 5 кубни метри пресечени дрвја наменети за огрев.
-Вчера околу 16 часот, во атарот на тетовското село Блаце, во месноста „Зла осојница", полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ј.(40) од тетовска Гургурница и С.Ф.(30) од тетовско Седларево, поради сомнение дека сториле кривично дело „пустошење на шуми". Од нив со потврда се одземени моторна пила и околу 5 метри кубни пресечени огревни дрва, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Двајцата се задражни во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.