СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Во период од 07.02.2019 до 31.12.2019 во својство на службено лице-продавач на билети во локалитетот Самоилова Тврдина при НУ„Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј“-Охрид, пријавениот дел од прометот не го прикажал во сметководство и финансии, така што при извршен попис на 31.12.2019, комисиски бил констатиран кусок од продажба на штета на НУ„Завод за заштита на споменици на културата и Музеј“-Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2020 01:58