Во возило „субару форестер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б. (38) од Скопје, и при извршен преглед во возилото вчера околу 17 часот во скопската населба Влае полицијата пронашла пакување со синтетичка дрога амфетамин.

Возилото било сопрено и прегледано од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Скопје.

Како што соопшти МВР, при дополнителен преглед, со употреба на службено куче за детектирање дроги, во внатрешноста на шал-таблата од возилото, во специјално направен бункер биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и амфетамин, наменети за натамошна продажба.

-Против Д.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2020 14:56