Кумановската полиција денеска приведе едно лице кое се барало со потерница за издржување едногодишна затворска казна.
МВР соопшти дека денеска во 4:20 часот во Куманово полициски службеници го приведоа Н.Ј. (36) од Куманово, кој се барал со потерница од Основен суд Куманово за издржување казна затвор во траење од една година за извршено кривично дело по чл.236 ст.1,2 од КЗ на РСМ.
Лицето е спроведено во КПУ Затвор Куманово.