Министерството за внатрешни работи повеќе од еден месец покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Радовиш и Струмица, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Радовиш.
„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за повеќе од еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 20.000 санкции“, рече Ангеловски.
Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Радовиш да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. „За нешто повеќе од еден час во денешната акциска контрола во Струмица се изречени над 150 санкции, а во Радовиш се изречени над 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др.“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.