Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје изрекло вкупно 326 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 35, 24 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 18 за управување под дејство на алкохол, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 67 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2020 14:48