Во рамки на засилената акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струмица и Радовиш, вчера се изречени вкупно 320 санкции.

Како што денеска соопштија од МВР, во Струмица 204, додека 116 во Радовиш.

Во Струмица 47 се за измината важност на сообраќајната дозвола односно за нерегистрирани возила, 45 за возење без возачка дозвола, а седум се санкционирани мотоциклисти…

Во Радовиш се изречени 17 санкции за измината важност на сообраќајната дозвола односно за нерегистрирани возила, 16 за возење без возачка дозвола…

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2020 14:59