Денеска (16.11.2020) во 14:30 часот полициски службеници од СВР Скопје-Единица за внатрешни работи Кисела Вода го приведоа А.К. (31) од Прилеп, со место на живеење во Скопје, кој се барал со потерница од Основен суд Скопје 1 за извршено кривично дело недозволена трговија со дрога.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2020 01:03