Тетовската полиција информира дека се расчистени 12 кражби за кои е поднесена кривична пријава со која се опфатени пет лица. Обвинителсвото добило пријава од полицијата за четири лица од Тетово и едно од Џепчиште.

-Осомничените Б.Ќ, Ш.И. и О.М. сите по 28 години се сомничат дека се сторители на кражбите, а М.К (35). и Џ.К. (49) за „прикривање”. Б.Ќ, О.М. и Ш.И. во периодот од 7-ми до 28-ми октомври годинава, насилно обивале колонијални продавници во Тетово, кршејќи ги бравите и катинарите од влезните врати и по пребарувањето одземале предмети и пари. М.К. и Џ.Г., пак, од нив ги купувале одземените производи. Вкупната материјална штета што пријавените ја предизвикале со извршените кривични дела се проценува на 74.600 денари, информираат од СВР Тетово.

Освен за 12 тешки кражби осомничените се товарат и за две тешки кражби во обид.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2020 14:10