Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 414 мерки, меѓу кои 39 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 20 мерки за користење мобилен телефон, 63 санкционирани пешаци, 68 мерки за непрописно паркирани возила и 19 санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.