На 61-годишна возраст денеска почина Мите Костов Папули, претседател на првата влашка политичка партија во нашата држава. Папули ја изгубил битката со Ковид 19.

Мите Костов Папули е роден во с.Аџибегово, Светиниколско, а дипломираше и магистрираше на Економскиот факултет во Скопје. Беше долгогодишен активист и борец за влашкото прашање, со својот ангажман даде огромен придонес за промовирање и афирмирање на влашкиот јазик и култура, долгогодишен претседател на Лигата на Власите, иницијатор за формирање на Влашката редакција при МРТ, Меѓународниот совет на Власите, иницијатор за формирање на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, за изучување на влашкиот јазик во основните училишта и на Филолошкиот факултет во Скопје.

Тој е добитник на многубројни домашни и меѓународни признанија и плакети во врска со неговиот ангажман околу влашкото прашање, но и во областа на економијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2020 16:09