Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 30-годишен скопјанец за неовластено поседување оружје – пиштол со калибар 7,65 милиметри со отстранет сериски број и рамка со куршуми.

– Обвинетиот на 30 октомври, во неговиот дом на улица „Методија Андонов Ченто“, неовластено држел пиштол V.BERNADELLI GARDONE V.T. со калибар 7,65 мм, со механички отстранет сериски број. При претресот кај него била пронајдена и рамка со седум куршуми за тој пиштол, информираат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, како и на мерката за привремено одземање на патната исправа, со цел да се обезбеди присуството на обвинетиот во текот на постапката против него​.

Лицето се сомничи за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2020 16:11