Две противпожарни возила се уште работат на догасување на пожарот кој избувна попладнево во куќа, постар објект лоциран во една од уличките во близина на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово. Пожарот во моментов е локализиран и се работи на негово целосно догасување.
– Објектот се наоѓа помеѓу куќи лепенки, така што интервениравме со три возила, пожарот е под контрола и се работи на на негово догасување, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Пожарот во противпожарната единица бил пријавен во 17:00 часот, првин се упатило едно, за десетина минути второто возило, а за петанесетина минути уште едно. На терен пожарот го гасea десет пожарникари.
Причината за настанување на пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.