На 12.11.2020 во 22.00 часот полициски службеници при СВР Куманово го привеле И.В.(47) од Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, за доиздржување на казна затвор од 1 година, 4 месеци и 7 дена, од вкупната затворска казна во траење од 9 години и 5 месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по чл.237, ст.4 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа во Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2020 12:19