Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера од 10 до 16 часот спровеле акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, претежно комбиња и автобуси.
-При контролата откриени се и законски санкционирани се седум технички неисправни возила, сите со неисправни сопирачки. Поради техничките недостатоци неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај, а на сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност, информираат од СВР Тетово.
Во вчерашната контрола откриени се и четири други видови прекршоци.