Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Сарај изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, 19 за нерегистрирани возила и 14 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2020 11:44