Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров вчера го лишиле од слобода А.А.(24) од селото Љубин, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во продажен објект во Ѓорче Петров.
Како што информира денеска МВР, кај приведениот се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следи соодветен поднесок