Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Центар се изречени вкупно 68 мерки, меѓу кои 5 за возење без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, 2 санкции за непоседување зимска опрема и 9 мерки за возење под дејство на алкохол.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2020 14:03