На 20.11.2020 во 13.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода А.И.(32) од с.Пирок, тетовско, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик.

Имено, според пријавеното на 19.11.2020 околу 21 часот, од страна на триесет и двегодишна жителка на тетовско село, приведениот ја уценувал преку социјалната мрежа „Фејсбук“ дека ако не му даде пари ќе објави компромитирачки фотографии.

А.И. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2020 14:54