Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 256 мерки, меѓу кои 17 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 санкции за управување под дејство на алкохол, 9 за минување на затворен семафор (црвено светло), 14 мерки за користење на мобилен телефон, 50 за неносење заштитна маска, 37 санкции за непрописно паркирани возила, а 32 возила се подигнати од „пајак“ службата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2020 13:16