На 21.11.2020 во 09.30 часот полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Гостивар во с.Форино, гостиварско, ги лишиле од слобода Љ.М.(21) и Х.М.(21), двајцата од с.Форино, поради постоење основи на сомнение дека на поширокото гостиварско подрачје извршиле кривични дела тешки кражби и кражби.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.