Хомеопатијата е форма на алтернативната медицина, предложена од германскиот физичар Самуел Ханеман во 1796, кој се обидел да ги лечи своите пациенти со силно растворени супстанци, за кои се тврди дека имаат слични ефекти како и симптомите што го предизвикале заболувањето.

Хомепатските лекови се подготвуваат со сериски раствори и силно протресување. Ваквиот процес го нарекуваат „потентизација“. Растворањето обично продолжува сè додека не се раствори оригиналната супстанца.

Покрај симптомите од болеста, хомеопатите користат аспекти на физичката и психолошка состојба на пациентот од препорачаните лекови. Хомеопатските книги се познати и како лексикони , во кои лековите се селектирани врз симптомите. Хомеопатските лекови , без никакви исклучоци се сметаат за потполно безбедни.

Меѓутоа, некои хомеопати биле критизирани затоа што своите пациенти ги изложувале на ризик, а притоа ја избегнувале конвенционалната медицина како вакцинацијата, анти-малариски лекови и антибиотици. Тврдењата за ефикасноста на хомеопатијата во плацебо ефектот не се одобрувани од колективната тежина на научните и клинички евиденции.

Иако некои проучувања се позитивни, систематските прегледи на сите објавени студии не се покажаа како такви. Понатаму, високо квалитетните проучувања се стремија кон истакнување на позитивни резултати, а повеќето позитивни студии не беа реплицирани ниту пак покажаа методолошки проблеми кои ги штитат од јасните евиденции за ефикасноста на хомеопатијата.

Истражувањата спроведени во Комитетот за наука и технологија во Велика Британија во 2009-2010 , заклучија дека хомеопатијата не е подобра од плацебо ефектот. Хомеопатските лекови содржат неколку или пак воопшто не содржат фармаколошки активни молекули и за таквите лекови да имаат фармаколошки ефект треба да се прекршат основните принципи на науката.

Современите хомеопати сметаат, дека водата има меморија која им овозможува на хомеопатските подготовки да се произведат, без било каква оригинална субстанца; меѓутоа, не постојат ниту верифицирани , ниту пак научни , уверливи и физички механизми за ваков феномен.

Недостатокот на убедливи, научни докази за ефикасноста на хомеопатијата, како и за употребата на лековите се доволна причина за фактот што хомеопатијата е опишана како квазинаука, надрилекарство и „сурова измама’’.

Од една земја во друга, распространетоста на хомеопатијата е различно застапена.

Во некои држави не постојат никакви законски регулативи за употреба на хомеопатијата ниту пак одредени хомеопатски третмани се покриени со националното осигурување, додека во други дозволи или дипломи за конвенционална медицина од акредитирани универзитети е неопходна и тие се обединети со националниот здравствен систем.

Во многу држави пак, хомеопатијата воопшто и не е прифатена.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2020 03:04