Татко и син од тетовско Камењане пријавиле во полицијата дека вчера биле физички нападати од три лица од Долно Палчиште, а причина за тоа било расправија околу напасување на добитокот што двете групи го правеле во атарот на Горно Седларце. Според пријавата, тројцата од Долно Палчиште ги нападнале и удирале со дрвени предмети.
-Вчера во 14 часот и 20 минути, Ф.Р.(63) од тетовско Камењане во СВР Тетово пријавил дека околу 14 часот, на нива во атарот на тетовско Горно Седларце, тој и неговиот син Е.Р.(34), биле физички нападнати од три лица од тетовско Долно Палчиште. Во нападот тие користеле и дрвени предмети. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.
Од полицијата информираат дека физички напад е пријавен и од мештанин на Требош.
-Четириесет и четигодишниот А.С вчера пријавил дека околу 15 часот бил физички нападнат од неговиот соселанец А.И.(27), информира полицијата.
Пријавениот околу 20 часот и 30 минути сам се пријавил во полициска станица.