Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95, пак, поевтинува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за половина денар за литар и ќе изнесува изнесува 59,5 денари, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува 61,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за половина денар за литар и ќе чинат по 51,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,099 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,481 денари.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референетни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена на бензинот во просек за околу 2,138 отсто, зголемената кај дизелот во просек за околу 1,448 отсто, како и за 0,185 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2020 15:50