Полицијата денеска приведе две лица кои извршиле трешка кражба во црквата Св.Недела во скопското село Катланово.
– Во село Катланово-скопско од страна на полициски службеници од Полициско одделение Петровец приведени се Д. Т. (46) и А. Н. (39), кои денеска меѓу 07 и 09 часот извршиле тешка кражба во црквата Св.Недела во Катланово, информираат од МВР.
По документирање на кривично правниот настан ќе биде изготвена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.