Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.Д. (40) од Прилеп, за сторено кривично дело „измама“.
На 12.07.2020 во дворот од семејната куќа на жена во Берово, пријавената В.Д. ја убедила жената да ѝ донесе златен накит, кој ветувала дека ќе ѝ го врати, по што В.Д. го земала накитот во вредност од околу 64.575 денари, заминала и не го вратила.