Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои 24 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 11 санкции за користење на мобилен телефон, 60 за непрописно паркирање, 47 возила се подигнати се специјално возило „пајак“, а изречени се 16 мерки за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.