Кавадарчанец и жител на неготинско село синоќа на две различни места физички нападнале полицајци па биле лишени од слобода, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Синоќа во 18.45 часот во Богданци, полициски службеници лишиле од слобода 48-годишник од село Прждево, неготинско, бидејки при полициска интервенција, по пријавена поплака од лице од Богданци, физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства, појасни Додевски.

Претходно, во 17.30 часот во Кавадарци бил лишен од слобода О.К.(41) од Кавадарци, бидејки се однесувал агресивно и физички нападнал полициски службеник кој извршувал работни задачи.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2020 11:50