На 23.11.2020 година во 21.30 часот на автопатот А1, делница од Гевгелија кон село Прдејци, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода И.Г.(40) од Гевгелија, под сомнение дека истиот ден сторил една тешка кражба на дрзок начин и тешка кражба во обид во две аптеки во Гевгелија.
Лицето било задржано во просториите на Полициска станица Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.