Зоран Заев наместо да глуми борец за правата на жените, да се сврти зад себе таму ќе го најде својот партиски функционер Костадин Ацевски и да го праша зошто ја тепаше сопругата и зошто со тоа го малтретираше семејството?

На 27.11.2019 год во 21,30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца. Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот, стои во информацијата од МВР. Ова е извадок од изјавата на МВР дадена за медиумите ден откако Ацевски ја тепал својата сопруга.

Ова е пример како се однесуваат функционерите на власта.

Ацески е пример за насилието на СДСМ и како едно зборуваат, а друго прават.

Зоран Заев и СДСМ се партија која само козметички ги шминкаат работите, а во суштина се крие насилие и говор на омраза.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2020 16:18