Две малолетнички во Штип и Кочани биле силувани, а случаите ги пријавиле нивни роднини. Според крими билтенот на СВР-Штип вчера во 13.20 часот во Полициска станица-Штип, 57 годишна жена од Штип пријавила дека претходниот ден околу 16 часот малолетно лице извршило обљуба врз нејзината малолетна внука. Вториот случај е во Кочани пријавен е вчера во 14.30 часот.
-Четирисет и две годишен маж пријавил дека околу 00.30 часот, Х.Н. извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Се работи на комплетирање на случајот по што против Х.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип