Дваесет и четири сообраќајни прекршоци за шест часа биле регистрирани во Кавадарци, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој појасни дека вчера, во времето од 10 до 16 часот, на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Кавадарци, била спроведена акциска контрола на возила и возачи учесници во сообраќајот.

Против овие лица кои направиле прекршок, ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2020 13:14