Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.11) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 113 мерки од кои 17 за возење без возачка дозвола, 9 за нерегистрирани возила и други останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2020 12:45