-Овие денови гледам ги гледам од Владата во налет да му ја спасат фотелјата на Зоран Заев оркестрирано пишуваат дека обезбедиле иднина. Да прашам јазикот, а идентитетот, а историјата, нашите цивилизациски придобивки на нашите предци кои ги жртвувале своите животи на вистинската страна на историјата? На кому обезбедиле иднина и каква иднина? – праша Христијан Мицкоски на денешниот надпартиски протест за оставка на Заев и слобода на народот, од пред Владата на Република Македонија.

Мицкоски посочи воедно дека за да владините функционери и Заев обезбедат иднина, прво треба да ја согледаат реалноста, а реалноста во Македонија се одликува со криза, живот на рати, политички поделби и откажувања.

-Зоран Заев не е во можност себе си да си обезбеди иднина, а не пак на Македонија и народот – критикуваше Мицкоски на денешниот протест.

Мицкоски истакна дека во „обезбедувањето идинина“, Заев стана изолиран со платеници и клиентелисти во личната битка за задржување на фотелјата наместо битка за спасување на државата. -Заев е подготвен да ја плати секоја цена, ама тоа ако може да го плати со туѓи синови и ќерки, и на туѓ грб само за да ја спаси својата кариера, а таа кариера нему му обезбедува власт и пари, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој исто така упати порака до меѓународната заедница да не дозволува политичарите како Заев да ги рушат вредностите на Европската унија, како и тоа дека нужно е потребна Влада за национален спас која ќе може да ја преброди економската, здравствената и политичка криза и порача македонските граѓани да не дозволуваат поразите на Заев да станат и национални порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2020 00:13