МВР во својот дневен билтен информираше дека вработено лице во Клиничката болница во Штип пријавил во полиција дека бил нападнат од колешка исто така вработена во КБ Штип.
- На 27.11.2020 во 12.35 часот во СВР Штип А.Г. од Клиничката болница Штип пријавил дека околу 12.30 часот во службената просторија во Здравствениот дом во Штип бил физички нападнат од страна на С.П., вработена во Клиничката болница –Штип. По комплетирање на случајот, против С.П. до надлежното обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во билтенот на МВР.
Согласно иницијалите наведените во дневниот билтен, најверојатно се работи за директорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев, а како што пренесоа и дел од штипските медиуми, настанот се случил по вербална расправија а според нивни информации вработената во штипската болница го „нападнала“ Георгиев удирајќи го со ташна.