Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 26 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 37 мерки за користење на мобилен телефон, 4 санкции за управување под дејство на алкохол.

Изречени се 6 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 20 санкционирани пешаци, 64 мерки за непрописно паркирање и 43 подигнати возила со „пајак“, а за неносење на заштитна маска изречени се 18 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2020 12:28