Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево вчера го лишиле од слобода Ј.Б.(32) од нас.Драчево, Скопје, врз основа на судска наредба, за издржување на казна затвор од една година.
За Ј.Б. била распишана потерница за сторено кривично дело соучесништво во тешка кражба, предвидено и казниво по член 236, став 1, точка 1, а во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа.