Вчера (01.12.2020) полициски службеници во Полициска станица Карпош лишиле од слобода 16-годишник, поради постоење на основано сомнение дека извршил повеќе кривични дела - разбојништво, тешка кражба, кражба на подрачјето на Скопје…

Со лицето е извршен разговор, при што се расчистени вкупно 5 кривични дела, и тоа разбојништво извршено на 27.11.2020 на ул.„Бахар Моис“, тешка кражба извршена на 09.07.2020 во приватна болница во Скопје, две кражби на предмети извршени на 21.10.2020 и на 07.09.2020 и одземање на моторно возило, извршено на ден 15.08.2020.

Лицето е задржано во Полициска станица Карпош за документирање на настаните, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2020 13:27