Доколку не се испочитува Законот за исплата на плата, поточно до 25-ти во месецот, на 26 во тековниот месец со почеток во 07:00 часот машинскиот персонал нема да ги извршува работните задачи, сооопшти денеска Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија.

Во известувањето потпишано од претседателот на НСМПМ Душко Чакаровски се наведува дека ваква одлуката и барања се донесени денеска од целокупниот машински персонал на ЖСРМ Транспорт АД Скопје.

-Бараме да ни се одобрат парични средства за набавка на резервни делови за локомотивите за да можеме тековно да работиме. заради недостиг на струичен кадар во друштвото, поточни машински персонал, потребно е итно вработување заради уредно и безбедно одвивање на железничкиот сообраќај. Бараме навремена и точна информација за начинот на приватзиација на друштвото, стои во известувањето, адресирано до Владата, Министерството за транспорт и генералниот директор на ЖРСМ.

Како што појасни за МИА Чакаровски, исплатата на платата во железничкото претпријатие доцни втор месец, а за утре очекуваат исплата на вториот дел од октомвриската плата



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2020 16:51