Добитната комбинација од последното коло на Играта на лотарија во Јужна Африка, при што беа извлечени броевите 5, 6, 7, 8 и 9, предизвика обвинувања дека станува збор за измама.

На националната лотарија Пауербол беше извлечен и џокер-бројот којшто гласи – 10.

Според организаторите, комбинацијата ја погодиле 20 лица, од кои секој освоил 5.670.000 јужноафрикански ранди (околу 305.000 евра).

Иако организаторите наведуваат дека не е невообичаено извлекувањето ваква комбинација броеви, покрената е истрага за извлекувањето поради сомневања за неправилности.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2020 12:49