Во Словенија, за првпат е потврден случај на зараза со коронавирусот кај домашно животно. Станува збор за питом бел твор (лат.: Mustela putorius furo), коешто неговите сопственици, заразени пред тоа, го чувале како домашно милениче.
– За време на тестирањето во вторникот, потврдивме нова инфекција со коронавирус кај бел твор, што имаше и проблеми со варењето, меѓу другото. Животното потекнува од домаќинство во кое коронавирусната зараза претходно беше потврдена кај луѓето и куќата беше во карантин со своите сопственици, поради ризикот од ширење на заразата, изјави за медиумите Урош Крапез – заменик директор на Националниот ветеринарен институт при Ветеринарниот факултет во Љубљана.
Според стручњакот, значи, покрај луѓето, и творовите можат да бидат заразени и со коронавирус, како и нивните блиски роднини – визоните и хрчките, а поретко и – мачките и кучињата.
– Кај домашните животни кои можат да бидат заразени, болеста е лесна и не претставува ризик од пренесување на луѓето, вели Крапеш.