Тетовската полиција во текот на вчерашниот ден бележи две пријави на кражби на автомобили, а денеска едно од возилата е пронајдено и вратено на сопственикот.
Вчера околу 14:30 часот, Г.А.(52) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „Благоја Тоска“ му било украдено неговото возило „опел омега“ со тетовски регистарски ознаки.-Возилото „опел омега“ околу 7 часот и 30 минути било пронајдено на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за тетовско Горно Седларце и му било вратено на сопственикот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Втората пријава е од А.Р (42) од тетовско Горно Седларце, кој во СВР Тетово пријавил дека било одземено возило „форд галакси“ со тетовски ознаки, сопственост на лице од Боговиње. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.